Поранешен инспектор на ОН ја обвини Украина за геноцид врз Русите по 2014-та

Украинската влада се занимаваше со геноцид врз рускиот народ од 2014 година, кога на власт во Киев дојде националистички ориентирана власт, изјави во понеделникот поранешниот инспектор на Обединетите нации за надзор и уништување на ирачкото оружје за масовно уништување, Скот Ритер.

Пензионираниот разузнавач на американскиот марински корпус Скот Ритер на каналот Judging Freedom на YouTube одговарајќи на прашањето зошто рускиот претседател Владимир Путин во неодамнешното обраќање ја нарече владата на украинскиот претседател Владимир Зеленски „нацистички режим“ одговори дека по превратот во Киев во 2014 година во Украина бил спроведуван геноцид врз населението кое зборува руски јазик.

„Ова е геноцид врз руското население. Сѐ започна во 2014 година, кога Виктор Јанукович, легално избран претседател на Украина, беше насилно соборен и беше заменет со влада со десна ориентација, којашто ја проповеда идеологијата на Степан Бандера, украински националист кој се бореше на иста страна со Адолф Хитлер во Втората светска војна“, појаснува Ритер.

Истакнува дека официјален Киев „со години воведува забрани против сѐ што е руско“, носејќи закони со коишто се забрануваат употребата на рускиот јазик не само во образованието, туку и во приватниот живот, како и на руската култура.

„Ако го замените терминот ‘руски’ во постојното законодавство на Украина со терминот ‘Евреин’, тогаш ќе ја имате истата правна основа како во нацистичка Германија во 1930 година“, појаснува американскиот пензиониран офицер.