Поранешен шеф на безбедноста предупредува дека Германија станува страна во украинската војна

Со испораките тешки оклопни борбени возила на Украина, Германија ризикува да стане страна во воениот конфликт против Русија, предупредува изјави во интервјуто за весникот Exxpress, поранешниот директор на Федералната служба за заштита на уставот (Bundesamt für Verfassungsschutz, BfV), Ханс-Георг Маасен.

„Доколку не испорачуваме лекарства, туку оружје, тогаш се разбира ризикуваме да станеме учесник во конфликтот. Мора да се разбере дека сега ние дејствуваме како страна во конфликтот против Русија“, оценува Маасен.

Исто така, тој смета дека поради испораките на борбените оклопни возила „Marder“, Германија, односно нејзините средства и интереси може да станат цел на руски напади.

Своите предупредувања Маасен притоа ги оправдува со наведувањето дека според него Украина, од гледна точка на уставните човекови прва, не е слободна држава.

„Украина не е упориште на човековите права, слободите и светот на Западот, тоа не е така дури и доколку германските весници и политичари го тврдат спротивното“, коментира Маасен.

Истовремено во неделата еден од двајцата челници на владејачките германски социјалдемократи, Ларс Клингбејл, порача дека и натаму е скептичен кон барањето за снабдување на Украина со германските тенкови „Leopard“ без координација меѓу сојузниците во рамките на НАТО.

„Ниедна земја не испорачува борбени тенкови кои се толку тешки како Leopard 1 и Leopard 2“, рече Клингбејл во интервјуто дадено во саботата за телевизиите RTL/Ntv.

Истакна дека рускиот претседател Владимир Путин презема „исклучително брутални“ акции во Украина и дека веќе подолго време дека западните земји како што е Германија со големата воена помош во оружје и обука се директни страни во војната.

„Во таа смисла исправно е што Американците, Французите, но и ние како германска сојузна влада, секогаш одново ја одмеруваме нашата вмешаност во оваа земја“, рече Клингбејл. „За германската влада секогаш било важно да не е осамен во пружањето воена помош на Украина“, додаде Клингбејл.

Социјалдемократскиот канцелар Олаф Шолц рече дека Берлин ќе му даде на Киев 40 борбени возила „Marder“ и батерија на ракетниот систем „Patroit“, по повеќемесечното противење на украинските барања и покрај жестоката дискусија по таа тема во Германија. Таа одлука заедно ја објавија Берлин и Вашингтон пред повеќе од два месеца, откако Шолц разговараше со американскиот претседател Џо Бајден. Портпаролот на германскиот Министерски кабинет, Штефан Хебештрајт во петокот извести дека станува збор за испорака на 40 оклопни возила „Marder“.

Меѓутоа, Шолц никогаш не ѝ вети на Украина тенкови „Leopard“, иако во неговата трипартиска владина коалиција Зелените притискаат во таа насока.

„Испораката на оклопните транспортери е сигнал дека Западниот сојуз дејствува во тесна координација и продолжува да ја поддржува Украина“, рече Клингбејл во одвоено интервју за Redaktionsnetzwerk Deutschland (RND).

Дури 49 отсто од Германците сметаат дека е погрешна одлуката на владата во Берлин да ѝ ги испорача на Украина пешадиските борбени возила „Marder“, покажува во неделата објавената во весникот Bild објави анкета која ја спровел за него институтот INSA. Истовремено, одлуката ја поддржуваат 40 отсто од испитаниците.

Истовремено, според истото истражување, 38 отсто од Германците веруваат дека Германија треба да испорача тешки борбени тенкови на Украина, додека против се 50 отсто од испитаниците.

Два дена по почетокот на руската офанзива во Украина, германската влада составена од социлајдемократите, зелените и либералите ја напушти доглогодишната практика на неиспорачување оружје во зони на конлфикти, и под притисок на САД и обвинувања од Киев за предавање само на одбранбена опрема, Берлин испорача проввоздушни проектили, базуки, машинки и муниција.

Германија беше жестоко критикувана поради долгото одбивање да ѝ го испорача на Украина оружјето што го бараше, ограничувајќи се главно на хуманитарна помош и лична одбранбена опрема. Според Шолц, неговата земја сега е една од земјите кои најмногу ја помагаат Украина. Тоа се однесува и на испораките на оружје, меѓу кои се самоодните хаубици и противракетните тенкови „Gepard“, а канцеларот во интервјуто споменува и повеќецевни ракетни лансери и системи на противвоздушната одбрана „IRIS-T“.

Според заклучоците на Научниот одбор на Бундестагот во извештајот од март минатата 2022 година сојузната влада ви Берлин беше предупредена дека обуката на украински војници за ракувањето со западните вооружувања и тоа на територијата на Германија според меѓународното право може да се третира како учество во самата војна.