![870x489_benalla](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/11/870x489_benalla.jpg?resize=696%2C391&ssl=1)
Александр Бенала, поранешен телохранител на францускиот претседател Емануел Макрон, е осуден на три години затвор од кои две условно, поради напад врз демостранти во 2018 година и други кривични дела.
Со пресудата којашто ја изрече во петокот судот во Париз е завршен процесот кој вршеше голем притисок врз француската влада.
Бенала беше сменет откако медиумите го разоткрија неговото брутално постапување кон демонстранти на 1-ви мај 2018 година, кога тој воопшто не бил на должност, но носел полициски ознаки.
Прогласен е за виновен бидејќи намерно применил сила против четири лица и влијаел за нивно апсење, иако за тоа немал овластувања. Судот, исто така, пресуди дека Бенала незаконски користел дипломатски пасош и кога веќе бил сменет од должноста. Прогласен е виновен и за незаконско носење оружје во април 2017 година.
Пресудата се темели на сериозноста на кривичните дела и фактот дкеа порашениот телохранител на претседателот Макрон одбиваше да ја признае вината. Една година од затворската казна ќе мора да ја мине во домашен притвор со електронска нараквица.