Поранешен украински премиер го открива планот на Западот против рускојазичното население

Последните години властите во Киев континуирано го спроведуваат планот на западните разузнавачки служби за преселување на националистички настроеното население од Западна Украина во рускојазичните региони на земјата, изјави поранешниот украински премиер Микола Азаров во интетвјуто за порталот Украина.ру.

На тој начин, според Азаров, Киев и Западот настојувале да ги ослабат проруските чувства во југоисточниот дел на Украина, каде што доминира рускојазичното население.

„По државниот преврат, започна имплементацијата на специјалната програма на западните разузнавачки служби за преселување на бандеристите (според Степан Бандера, водач на украинските националисти соработници на нацистичка Германија во Втората светска војна) нацистите, во источните региони на Украина. Тоа никогаш не се случи во Харков! Колку неонацистички групи има сега во Харков (…) Целиот југоисток! Одеса! Во Одеса никогаш немало толку многу бандеровски неонацисти“, вели Азов.

Исто така, истакнува дека поставувањето на борбени позиции на националистичките формации во станбените згради во јужниот град Мариупол покажува дека украинските радикали го сметаат овој град туѓ за нив.