Поранешен украински разузнавач тврди дека CIA имала тајни затвори во Украина

REUTERS/Larry Downing/File Photo

Американската Централна разузнавачка агенција (CIA) уште во текот на мандатот на претседателот Виктор Јушченко ги создала своите први тајни затвори на територијата на Украина, изјави во петокот на брифингот за новинарите во одметнатиот проруски град Доњецк поранешниот припадник на украинското разузнавање СБУ, шеф на истражувачкиот центар Ukr Leaks, Василиј Прозоров.

„Тајните затвори во Украина не се новина. За време на претседателот Јушченко, кога Украина првпат отворено ‘легна’ под западниот свет, CIA воспостави такви тајни затвори во Украина. Се зборуваше дека во нив ќе бидат лица осомничени меѓународен тероризам, а не државјани на Украина“, рекол Прозоров.

Виктор Јушченко на власт дојде во 2005 година со првата ткн „обоена револуција“ поддржана од Западот и спроведуваше политики на целосно оддалечување од Русија, а по пет години беше заменет со од лидерот на сега забранетата Партија на регионите, Виктор Јанукович кој тесно соработуваше со Москва а беше соборен во преврат во Киев во 2014 година.

По настаните на киевски Мајдан во 2014-та и избувнувањето на борбите на одметнатиот проруски источен регион Донбас, украинските безбедносни служби таквите тајни затвори ги преместиле на истокот на Украина, тврди поранешниот разузнавач. Според Прозоров, тие биле активни и сѐ уште се „практично во секој оддел на СБУ“.

Поранешниот разузнавач додал дека по 2014 година, Службаа за безбедност на Украина (СБУ) повеќе не работела во рамките на законодавството на земјата.

„По превратот во 2014-та, за СБУ нормално беше непочитувањето на законите, примената на вонсудски одмазди, незаконски методи на испрашувања. Многу за таквите норми на СБУ придонесоа западните покровители. Нивните методи беа усвоени од вооружените припадници на СБУ и на другите безбедносни структури (во Украина)“, рекол Прозоров.