Петар Атанасов, поранешен заменик министер за образование и наука од редовите на СДСМ, кој не се согласуваше со владините политики, повторно се огласи на социјалните мрежи со критики на неговиот поранешен партиски лидер премиерот Зоран Заев и го повикува членството да го спречи распаѓањето на партијата.
„Престанете да нѐ убедувата дека Зоран Заев е добар лиде! Гледате ли до каде нѐ донесе! Другари спасете си ја партијата додека не е доцна.
Доцеја се распаѓавте хоризонатално а сега се распаѓате и вертикално… Еве за почеток, гласајте го Максо. Тоа е најдоброто што го имате!“, напиша Атанасов.
Пред локалните избори тој му се приклучи на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, кој исто така е во немилост на неговата матична партија СДСМ која истакна друг кандидат, и Атанасов притоа истакна дека во политичкиот концепт „За наше Куманово“ и истакна дека гледа една нова енергија.