Поранешен жител на Газа раскажува за ужасите на Хамас

Овие терористички организации водат верска војна. Време е светот да го разбере ова.

Дор Шахар, кoj e преобратен во јудаизмот и сега живее во Израел, раскажува за животот во Појасот Газа под власта на Хамас, објави i24NEWS.

Како што конфликтот во регионот влегува во својата 3-та недела по ненадејниот напад на Хамас на 7-ми октомври, перспективата на Шахар фрла светлина врз длабоките тензии и верувања кои го поттикнуваат тековниот судир.

Шахар, порано познат како Ајман Собах, поминал 19 години во Газа под власта на Хамас. Кога до него стигнала веста за нападот на израелска територија, тој бил погоден од чувство на страв, бидејќи од прва рака ја доживеал бруталноста на организацијата.

„Веста ја слушнав во саботата навечер. Штом дознав дека луѓе на Хамас се инфилтрирале на израелска територија, го замислив масакрот и повеќе не можев да стојам на нозе“, раскажува тој во интервју за Списание за одбрана на i24NEWS.

Неговиот живот под Хамас е исполнет со мрачни сеќавања. „Совршено знаев што се способни да направат: да убиваат деца и бремените жени, да ги убиваат родителите пред нивните деца или да им ги вадат очите“, рече тој, размислувајќи за ужасите што ги видел и тортурата што ја претрпел кога се обидувашал да побегне во Израел во потрага по поинаков живот.

Искуствата на Шахар го истакнуваат сеприсутното прашање на омраза и индоктринација. Како и многу деца во Газа, тој беше одгледан со длабоко вкоренета омраза кон Евреите. За него, нема сомнеж дека војната што ја води Хамас не е само политичка, туку длабоко вкоренета во религиозните верувања.

„Од тригодишна возраст, на децата им се кажува дека мора да ги мразат Евреите и да ги убиваат затоа што украле земја од Палестинците. Но, надвор од тоа, тоа е војна на религијата. Светот мора да го разбере ова“, нагласи тој.

Тој ги посочи и глобалните импликации од овој конфликт. „Треба само да видите дека ниту една арапска држава не ги осуди убиствата на Хамас, дури ни израелските Арапи. Од друга страна, тие се сите таму да протестираат штом се браниме. Целта на оваа војна што ја водат муслиманите е да доминираат со светот“, тврди тој.