![donbas devuska](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/donbas-devuska.jpg?resize=696%2C393&ssl=1)
Со главниот руски пропаганден канал на социјалните мрежи Donbass Devushka, за кој западните власти велат дека е познат по ширење на дезинформации за војната во Украина, раководи поранешната припадничка на американската воена морнарица Сара Билс, објави The Wall Street Journal.
Каналот Donbass Devushka наводно имал клучна улога во ширење на доверливите разузнавачки документи, украдени од 21-годишниот припадникот на американската Национална гарда на воздушните сили, Џек Тешира.
Весникот тврди дека Donbass Devushka ги изменил доверливите документи пред објавувањето. Меѓутоа, не се прецизира кои се тие измени, освен што претходно американските медиуми наведуваат дека се чини оти во нив е намален податокот за проценетите загуби на руската армија.
Триесет иседумгодишната Билс, била ангажирана во американската поморска воздушна база на островот Видбеј до крајот на минатата година. Таа пред два дена призна дека е администратор на Donbass Devushka, додавајќи оти уште 15 луѓе ширум светот се вклучени во водењето на мрежата Donbass Devushka. Одби притоа да ги идентификува тие луѓе.
Весникот не објаснува како Билс ги добила докуменитете коишто се датирани од крајот на февруари и целиот март годинава.
The Washington Post повикувајќи се на извештаи објавени на интернет, пишува дека САД ја анализирале ефективноста од активностите на Русија во пропаганда и манипулација на социјалните мрежи како Twitter, YouTube, TikTok, Telegram итн, Според нивните податоци, само 1 отсто од „проруските“ профили и ботови можат да бидат откриени од социјалните мрежи.
Томас Рид, специјалист за дезинформации и професор на Факултетот за напредни меѓународни студии на Универзитетот „он Хопкинс“, вели дека оваа бројка укажува на „победа“ на Русија во информациската конфронтација, иако признава дека оваа информација можеби не е точна.
Осомничениот за протекување на доверливи документи од Пентагон, 21-годишниот припадникот на американската Национална гарда на воздухоплвоните сили, Џек Тешира на 14-ти април беше изведен пред судот под обвинение дека незаконски копирал и задржал доверливи документи.
Тешира останува во притвор до судењето, а сослушувањето за притвор е закажано на 19-ти април. Тој е обвинет за незаконско копирање и чување одбранбени разузнавачки податоци, кривично дело за кое може да биде осуден и до 10 години затвор.
Тој е обвинет и за друго кривично дело, за свесно преземање на доверливи документи и поставување на неовластена локација.
Доверливите документи Тешеира ги објавуваше на социјалната мрежа Discort, а потоа биле преземани на Twitter Telegram, каде што биле објавени десетина дена без да бидат забележани од никого, пред на 6-ти април за нив да пишува The New York Times.
Се претпоставува дека тоа е најсериозното нарушување на безбедноста откако повеќе од 700.000 документи, видеа и дипломатски записи беа објавени на WikiLeals во 2010 година.