Поранешната британска премиерка Лиз Трас ги поминала своите последни денови на Даунинг стрит 10, разгледувајќи сателитски временски податоци и шеми на ветар, подготвувајќи се за можна изложеност на радијација откако настанала паника меѓу американските шпиони поради сомневањата дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да употреби нуклеарно оружје во Украина – пренесува хрватски Данас.
Се верува дека Путин бил толку блиску до лансирање нуклеарна бомба во октомври 2022 година, неколку месеци откако ја започна инвазијата на Украина, што се одржаа кризни состаноци поради можни последици што би можеле да стигнат до Британија.
Белата куќа била убедена дека има 50 отсто шанси Путин да употреби нуклеарно оружје во Украина – или користејќи нуклеарна бомба на украинското бојно поле или тестирајќи поголема бомба над Црното Море, сугерираат извештаите.
Застрашувачки детали за тоа колку војната дошла до ескалација и ја преминала границата од која нема враќање, се откриени во ажурираната биографија на поранешната британска премиерка, „ Out of the Blue“.
Се наведува дека Трус потрошила „часови и часови проучувајќи ги сателитски податоци и правци на ветерот“ поради стравувањата дека честички би можеле да стигнат до Обединетото Кралство.