Поранешната на Тоти не тагува по разводот: Се соблече, а потоа објави фотографија

Франческо Тоти пред неколку дена потврди дека повеќе не е во брак со Илари Блази и дека одлучиле дека е најдобро да се разведат.

Тоти и Илари беа во брак речиси 20 години, но на љубовта меѓу легендарниот фудбалер и познатата ТВ водителка и дојде крајот како што тоа го потврдија пред неколку дена.

Очигледно, Тоти не страда премногу и веќе се сместил во прегратките на својата нова девојка Ноеми Боки, со која наводно е во врска извесно време.

Сепак, Илари изгледа не е премногу тажна поради тоа што го покажа на своите фотографии на социјалните мрежи. Илари е на одмор во Танзанија со своите деца и беше во центарот на вниманието поради објавите на Инстаграм.

Поранешната сопруга на Тоти објави неколку разголени фотографии и покажа дека разводот не и бил тежок.

Илари има над два милиони следбеници на Инстаграм и ги воодушеви со своите фотографии. Таа дури се фотографираше топлес и сето тоа го објави на социјалните мрежи и очекувано се најде во центарот на вниманието на италијанската јавност.

Тоти и Илари беа заедно речиси 20 години, а имаат три деца кои продолжија да живеат со својата мајка по разводот. Наводно, раскинале на почетокот на оваа година, но тоа го потврдиле дури откако и официјално бил финализиран разводот.