Поранешната вработена во Европарламентот го обвини Facebook дека го загрозува интегритетот на демократијата

Таканаречената „свиркачка“ порано вработена во Facebook Френсис Хојген пред комисијата на Европскиот парламент во понеделникот порача дека социјалната мрежа го нарушува интегритетот на демократијата наводно со овозможување и продлабочување на поларизацијата и фаворизиран на радикални ставови.

„Facebook може со своето дејствување да ја ослаби нашата демократија и да ги продлабочува поделбите. Платформата Facebook го нарушува интегритетот на нашата демократија“, изјави Хојген без да ја спомене слободата на изразување на мислењето пред Комисјата за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите на Европскиот парламент, кој инаку нема поврзаност со човековите права.

Инженерката за податоци Хојген, којашто ја напушти компанијата „Facebook Inc“ сега преименувана во „Meta“, испратила до регулаторите и медиумите десетоци илјади интерни документи на компанијата, во коишо како што тврди, покажуваат дека во компанијата се свесни дека овозможуваат ширење на омраза, односно дека нејзините алгоритми придонесуваат за видливоста на таквите содржини.

„Колку комантарот е понегативен ќе има повеќе лајкови, па и пари. Постои можноста Facebook Instagram да станат посигурни, но Facebook тоа не е подготвен тоа да го стори поради својата добивка, а последиците се огромни“, изјави Хојген пред споменатата комисија на Европскиот парламент објаснувајќи ја логиката на компанијата.

Меѓу безбедноста и добивката, смета Хојген, Facebook секогаш ја избира добивката, што создава поларизација ширум светот. Хојген, исто така, без приложување докази наведе и дека 4 отсто од кориснциите на Facebook примиле 80 отсто неточни информации.

Хојген оцени и дека во Facebook ништо не промениле кога сфатиле дека „неуспојавата“ од неговите системи е ширењето дезинформации, и смета дека компанијата е „значително помалку транспрарентен и носи помалку одговорни одлуки“ од другите социјални мрежи, како Twitter.

Хојген напомна дека не се залага за забрана на поларизирачките содржини на Facebook, но предлага одреден вид „рангирање“ на содржините. Притоа рече дека е скептична кон вештачката интелигенција како регулатор на содржините.

Хојген зворуваше за можната регулација на социјалните мрежи, при што истакна и дека Актот за дигиталните услуги, кој го предложи Европската комисија, би можел да претставува „пресвртница на глобално ниво“ и „потенцијален златен стандард“. Споменатата регулатива предвидува поголема одговорност за социјалните мрежи за содржините, што во моментов е дефакто непостоечка.

„Свиркачката“, сепак, е скептична кон системите за надзор преку вештачката интелигенција. Смета дека вештачката интелигенција е лоша при сложените проблеми, па, на пример, „не може да ги сфати сите нијанси на говорот за тероризмот“.

Употребата на вештачката интелигенција, според Хојген, е опасна и поради нетранспарентноста на Facebook којашто, како што смета таа би трнало повеќе да се отвори во јавнсота,

Од практична страна тешко е да се спроведува надзор над Facebook, бидејќи ревизорите ќе сакаат повторни да бидат ангажирани, па „нема толку детално да ја направат работата“, а државните агенции немаат доволно стручен кадар за проверка на Facebook која бара „инсајдерско“ искуство, оцени Хојген.