Поранешни и активни припадници на елитната француска единица Легијата на странците се борат на страната на украинската војска во војната против руската инвазија, пишува британскиот весник Times кој се повикува на сведоштво на легионерот Франк според кого некогашните соборци по руската инвазија застанале на спротиставените страни.
Весникот напоменува дека иако Франција никогаш официјално не објави податоци колку нејзини државјани се заминати на боиштето во Украина, „се верува дека многумина од поранешни и активни легионери заминале да се борат“ на украинското боиште.
Како што прецизирал во разговорот Франк, како што е именуван Французинот соговорник на Times во Киев, колку што нему му било познато, во Украина останале само четворица од оние со коишто бил близок уште од првите денови на војната во Украина. Според него, другите „или се вратиле дома или загинале“.
Во романтизирана верзија на британскиот весник, 50-годишниот Франк наводно благодарение само на една мелодија а Француската легија на странците успеал и без пасош да дојде до Украина. Имено, украински легионер во Париз му рекол на овој поранешен француски снајперист дека една песна (маршот Le Boudin, во случајот) ќе биде доволна за да ја мине границата без исправи. Било 3 часот по полноќ кога Франк се симнал од ноќниот воз во Полска и му го отпеал маршот на украински граничар и „тоа успеа“.
„Влегов во Украина потврден со ништо повеќе од песната на Легијата и оттогаш никогаш не сум се вратил дома“, вели Франк кој, кој по проблематичниот цивилен живот, десет години служел во познатата француска единици.
Меѓутоа, во продолжение вели дека борејќи се во украинската Легија на странците, за која се смета дека е формирана далеку пред претседателот Володомир Зеленски да го обзнани нејзиното формирање следниот ден по руската инвазија, се уверил дека борбените дејствија во Украина не можат да се споредат според интензитетот со ништо друго што го доживеал претходно.
„Ужасите коишто ги чекаа професионалните војници тука…, беа полоши од сѐ што имаме видено претходно“, истакнува Французинот.
Написот во британскиот весник во врска со француските легионери кои се борат на страната на Украина доаѓа откако претходно седмицава во средата руското Министерство за одбрана објави дека во руски ракетен удар врз место на кое се сместени странските платеници, чија основа ја сочинувале повеќето француски легионери, во близина на западниот украински град Харков, биле убиени најмалку 60 борци а 20 со разни повреди биле пренесени во болници во западните земји. Поради тоа, во петокот во руското Министерство за надворешни работи бил повикан францускиот амбасадор во Москва, Пјер Леви, кој по излегувањето од институцијата не сакал да одговара на прашањата од новинарите.
Подоцна во петокот францускиот министер за одбрана Себастијан Лекорну во интервју за телевизијата LCI прашан за статусот на Французите кои војуваат во Украина рече дека Франција не може да им забрани на своите граѓани да војуваат во оваа земја.
„Има Французи, цивили, кои заминаа да се борат во Украина, во украинска воена униформа. Не можеме да им забраниме, ние сѐ уште сме демократија. По дефиниција, овие лица немаат врска со француските вооружени сили, не носат франциски воени униформи и не се поврзани со француските воени институции“, уверува министерот Лекорну.
Наемништвото во Франција, според сегашното законодавство, е кривично дело за кое е одредена казна до пет години затвор и парична голоба до 75.000 евра. Исто така, кривично се гонат нејзини државјани кои војувале на Блискиот исток.
Во продолжение Лекорну рече дека извештаите за присуство на француски платеници во Украина е дел од „руската информациска војна“, којашто наводно се интензивирала откако претседателот Емануел Макрон највил испорако на дополнителни 40 ракети „Scalp“ на Киев. Според министерот, таквите изјави имаат цел да ја поддржат реториката за француското учество во војната во Ураина.
Француското Министерство за надворешни работи, исто така, во петокот ги отфрли доказите за присуство на француски платеници на украинското боиште. Информацијата за загинувањето на десетици Французи во Харков, го нарече „груба манипулација“ тврдејќи дека Франција „нема свои платеници ниту во Украина, ниту на кое и да е друго место“.