![majk pens zelenski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/majk-pens-zelenski.jpg?resize=640%2C426&ssl=1)
Поранешниот американски претседател Мајк Пенс во мандатот на претседателот Доналд Трамп, а кој влезе во трката за номинација на Републиканската партија за претседателските избори во ноември 2024 година, ненадејно ја посети Украина во четвртокот за да се сретне со украинскиот претседател Володомир Зеленски.
„Слободата победува во Украина и сега повеќе од кога и да е мораме да продолжиме да веруваме во храбрите борци тука во Украина, кои стојат за слободата и одбивањето на руската агресија“, изјави Пенс за новинарите по состанокот со Зеленски.
Пенс е првиот републикански претседателски кандидат кој се сретна со претседателот на Украина во текот на партиската предизборна кампања.
Пенс е еден од најистакнатите републикански политичари кои остро го критикуваат рускиот претседател Владимир Путин и силен поборник на Украина во нејзиното спротистување на Русија и претходните години, а за партиската номинација ќе се спротистави против својот поранешен шеф Доналд Трамп, кој дијаментрално спротивно од Мајк Пенс има стратегија на негување стабилни американско-руски односи и ветува дека веднаш би ја запрел украинската војна.
Трамп редовно одбива да одговори на новинарските и провокациите од политичките противници дали „сака Украина да победи во војната“, и наместо тоа истакнува дека сака решение до кое Москва и Киев ќе дојдат со меѓусебни преговори.
Пенс, според повеќето предизборни анкети освојува повеќе од 30 отсто помалку гласови од Трамп меѓу републиканските гласачи за кои домашните американски проблеми се најважното прашање и приоритет пред меѓународната политика, а кои ќе го изберат кандидатот кој веројатно ќе го предизвика актуелниот претседател од редовите на Демократската партија, Џо Бајден.
Мајк Пенс положи цвеќе пред ѕидот во Киев на кој се ликовите на загинати војници. Допатува во Украина со пратка на американската хуманитарна организација „Samaritan’s Purse“, која им пружа помош на украинските цивили, изјави негов советник.
Пенс, исто така, присуствувал на брифинг за него со украински функционери за наводните руски кршења на човековите права откако пред 16 месеци започна руската инвазија.
Војната во Украина ги подели републиканските претседателски кандидати. Рон Десантис, гувернерот на сојузната држава Флорида и главен ривал на Доналд Трамп во трката за партиската номинација, го доведе во прашање количеството помош коешто би требало да ѝ се пружи на Украина, а Ники Хели, поранешната амбасадорка при Обединетите нации и Тим Скот, сенаторот од Јужна Каролина, заговараат продолжување на поддршката.
Администрацијата на претседателот Џо Бајден досега во изминатите речиси година ипол обезбеди голема помош во оружје, воена опрема и финансии за Украина од најмалку 40 милијарди долари. Агенцијата Reuters наведува дека во анкетата спроведена со институтот Ipsos „цврсто мнозинство“ Американци го поддржуваат испраќњето оружје за Украина.