Поранешниот бразилски претседател Болсонаро планирал државен удар

Бразилската федерална полиција пронашла докази дека поранешниот бразилски десничарски поранешен претседател Жаир Болсонаро планирал државен удар за да ги поништи резултатите од изборите во октомври 2022 година, кои ги загуби од левичарот Луис Инасио Лула да Силва.

Според конечниот полициски извештај, кој содржи 884 страници и беше објавен во вторникот, откако Врховниот суд го испрати до јавниот обвинител, има осум главни докази кои ги поддржуваат формалните обвиненија против Болсонаро за обидот за државен удар.

Меѓу доказите е и состанокот што Болсонаро го свикал во декември 2022 година со тројца команданти на вооружените сили на кој им бил презентиран план за државен удар и побарано да се приклучат на заговорот.

Началниците на армијата и воздухопловните сили одбиле, а началникот на морнарицата, сега пензионираниот адмирал Алмир Гарние, рекол дека е подготвен да го поддржи планот, покажала истрагата.

Полицијата утврдила дека Болсонаро знаел за планот за убиство на новоизбраниот претседател Лула и неговиот потпретседател Гералдо Алкмин врз основа на телефонскиот разговор на заговорниците и состаноците во претседателската резиденција Алворади во главниот град Бразилија.

Јавниот обвинител Пауло Гонет ќе одлучи дали ќе го обвини Болсонаро и другите осомничени заговорници.

Болсонаро, кој е формално обвинет за обид за државен удар, насилно сузбивање на владеењето на правото и злосторничко здружување, негира дека сторил какво и да е кривично дело.