Поранешниот британски министер за безбедност Томас Георг Џон Тугендхат во средата изјави дека се кандидира за нов лидер на Конзервативната партија, која беше убедливо поразена од лабуристите на изборите пред три седмици.
Наследникот на Риши Сунак ќе го избере Конзервативната партија на 2-ри ноември, откако на изборите на 4-ти јули го забележа најлошиот изборен резултат во својата историја.
Од пријавените кандидати, партиските органи ќе одберат четворица кои ќе ги претстават своите програми на партиската конвенција. Потоа двајцата кандидати влегуваат во последниот круг во кој победникот ќе го одлучуваат членовите на Конзервативната партија.
„Конзервативците можат да победат на следните избори. Верувајте ми, ќе се погрижам тоа да се случи“, напиша Тугендхат во напис за весникот The Telegraph.
!Ја изгубивме довербата на британскиот народ затоа што не го реализиравме тоа што го ветивме. Мораме да ја обезбедиме иднината на нашата земја, за сегашните и идните генерации“, додава поранешниот министер во својот напис.
Објавата на Тугендхат дојде еден ден откако поранешниот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли ја објави својата амбиција да стане нов лидер на конзервативците.