Поранешниот британски премиер Камерон, назначен за нов министер за надворешни работи

Камерон: Велика Британија не смее да им сврти грб на Европа и светот

Бившиот британски лидер Дејвид Камерон стана нов министер за надворешни работи откако премиерот Риши Сунак денеска направи промени во својот кабинет. Камерон беше премиер од 2012 до 2016, кога поднесе оставка по референдумот за брегзит, со кој Велика Британија излезе од Европската Унија.

Тој доаѓа на местото на Џејмс Клеверли, кој беше поставен за нов министер за внатрешни работи откако Сунак ја разреши Суела Брејверман.

„Иако бев надвор од високата политика во последните седум години, се надевам дека моето искуство ќе му биде од голема помош на премиерот. Можеби не се согласував со некои индивидуални одлуки на Сунак, но тој е силен и способен лидер“, изјави 57-годишниот Камерон.

Сунак одлучи да ја смени министерката Брејвермен по нејзината контроверзна колумна во „Тајмс“, во која ја критикуваше лондонската полиција, за која кажа дека ги толерира пропалестинските банди кога кршат закон. Таа притоа ги опиша демонстрантите кои повикуваат на примирје во Газа како носители на омраза. Спротивно на праксата, колумната претходно не била одобрена во канцеларијата на премиерот.