Поранешниот директор на американското Федерално биро за истраги (FBI), Џејмс Коми, призна дека сојузната полиција сторила „непобитни пропусти“ на почетокот од истрагата за наводното мешање на Русија во американските претседателски избори во 2016 година.
Американскиот претседател Доналд Трамп, кој Џејмс Коми го отпушти во 2017 година, веднаш коментираше дека поранешниот челник на FBI би можел да биде осуден на „повеќегодишна“ затворска казна.
Коми секогаш му се спротиставуваше на Трамп поради обвинувањата дека FBI било пристрасно и во однос на отворањето на ткн „руска истрага“, но и во неподнесувањето пријава против неговата демократска противкандидатка Хилари Клинтон на изборите во 2016-та, поради незаконското користење на приватен сервер и приватна електронска адреса за доверливи дипломатски преписки во периодот додека беше државна секретарка на САД.
Сепак, во неделата Коми прозна дека кон Картер Пејџ, советник за надворешна политика во изборниот штаб на Трамп во 2016-та, набрзо осомничен во истрагата на FBI за наводното руско мешања, се постапувало неправедно.
Во разговорот за телевизиската мрежа Fox News, Коми оцени дека одобрувањето на FBI за следење и прислушување на Пејџ, а кое лично го потпишак, содржело „поголеми грешки“. „Имеше непобитни пропусти, во одбрувањето мораше да има 17 работи, или барем морало да бидат наведени и опишани поинаку“, рече Коми.
Тие грешки се наброени во извештајот на главниот инспектор на министерството за правда објавно на 9-ти декември. Во овој документ главниот инспектор смета дека FBI немал политички мотиви за покренување на истрагата, но истакнува дека имало многу „грешки и прописти“ кои биле направени од агентите кога барале од судот одобрување за прислушувањето на Пејџ.
„Значи сега Коми признава дека сторил грешка. Опа!, но тој тоа го прави само затоа што е фатен со прстите во мармаладот. Какви ќе бидат последиците за ваквото незаконско однесување? Можеби повеќегодишна затворска казна?“, остро реагираше Трамп на Twitter и побара извинување.