Поранешниот директор на Интерпол осуден во Кина на 13,5 години затвор поради мито

Поранешниот директор на Интерпол, Менг Хонгвеј денеска е осуден на 13,5 години затвор поради земање мито.

Пресудата за Менг изречена е во судот во Тјанчин, северна Кина. Тој во јули минатата година призна вина.

Владејачката Комунистичка партија на Кина во март минатата година објави дека истрагата утврдила дека Менг трошел големи суми пари од државните фондови, ја злоупотребил положбата и одбил да ги почитува партиските одлуки.

Интерпол кон крајот на 2018 година соопшти дека Менг поднел оставка од функцијата шеф на светската полициска агенција со седиште во Париз, неколку дена откако неговата сопруга пријави дека тој отпатувал за Кина.