Поранешен герилец Густаво Петро беше избран на изборите во неделата за нов претседател на Колумбија, прво во историјата на земјата од редовите на крајната левица.
Поранешниот припадник на герилското движење М-18 освоил 50,49 отсто од гласовите, а неговиот противкандидат независниот Родолфо Хернандез освоил 47,3 отсто од гласовите.
Шеесет идвегодишниот Петро со тоа избори неочекувана уверлива изборна победа, со разлика од дури 716.890 гласови а на неделните избори гласале околу 20 милиони граѓани на Колумбија. Во предизборните анкети двајцата кандидата беа речиси израмнети.
Сенаторот и поранешен градоначалник на колумбиската престолнина Богот ја избори победата на претседателските избори во третиот обид, а во кампањата вети борба против нееднаквоста со бесплатно факултетско образование, реформи на пензискиот систем и високите даноци на непродуктивното земјиште.
Предложи и забрана за нови нафтени проекти. Петро најави и спроведување на мировниот договор со најголемата бунтовничка Револуционерни вооружени сили на Колумбија (Fuerzas Armadas Revolucionarias de Colombia – FARC) постигнат со владата во 2016 година но кој практично не заживеа. Исто така, најави и мировни преговори со герилското движење Национална ослободителна војска (ELN).
Петро за потпретседателка ја кандидираше Франсија Маркез, којашто ќе стане првата црнокожа жена на оваа должност во историјата на Колумбија.
Хернандез, ексцентричен градежен магнат и поранешен градоначалник на Букаранга, беше изненадување на годинешните избори, а најавуваше помал државен апарат и финансирање социјални програми со искоренување на корупцијата. Но тој и самиот е под истрага за корупција, поради сомневање дека интервенирал на тендер за собирање отпад за да обезбеди бизнис за компанија за којашто лобирал неговиот син. Хернандез тврди дека тие обвинувања се неосновани.