Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер изјави во интервјуто за дневниот весник Frankfurter Allgemeine Zeitung дека сака да остане во контакт со рускиот претседател Владимир Путин, со кого инаку е близок, и покрај тоа што Москва не се откажува од војната во Украина до исполнување на нејзините.
„Не сакам да се откажам од разговорите со претседателот Путин“, вели Шредер во интервјуто за неделното издание на Frankfurter Allgemeine Zeitung/
Шредер беше германски социјалдемократски канцелар во периодот од 1998 до 2005 година, а откако ја напушти должноста беше во управувачките одбори на руските енергетски гиганти „Газпром“ и „Роснефт“. Тој и Путин се долгогодишни пријатели и приватно се дружеа.
Но од избувнувањето на војната во Украина често беше напаѓан за одржување на контактите со Путин, и се бараше да ја осуди изрично улогата на Русија во судирот. Под таквите притисоци Шредер се повлече од должноста во надзорниот одбор во „Роснефт“ и се повлече од кандидатурата во управниот одбор на „Газпром“ или во водството на операторот со суспендираниот гасовод Северен тек 2.
Коментирајќи ја јавната расправа во германската јавност поврзана за испораки на оружје на Украина, Шредер вели: „Зошто да се фокусира на доставувањето оружје?“.
Вели дека не верува воено решение, па ниту на оваа војна.
„Војната може да заврши само низ дипломатски преговори. Судбината на војниците и цивилното население во Украина може да се олесни само со дипломатско решение“, додава Шредер.
Шредер во март, набрзо по почетокот на руската воена интервенција на 24-ти февруари, отпатува во Москва каде што се сретне со Путин.
„Колку што разбрав во текот на нашиот разговор, тој е заинтересиран за решавање на проблемот со преговори. Како тоа решение изгледа, може да се разјасни само преку преговори“, вели Шредер во интервјуто.
Според Шредер, јасно е дека Украина е виновна поради фактот што досегашните преговори со Русија пропаднаа.