Водачот на каталонските сепаратисти Карлес Пучдемон беше уапсен од италијанската полиција на Сардинија, пренесува „Ројтерс“.
Шпанија го обвини Пуџдемон за бунт и помагање на референдумот за независност во 2017 година, што шпанските судови го оценија како нелегален.
Во март, Европскиот парламент му го одзеде имунитетот на Пуџдемон што го уживаше како член од 2019. Оттогаш, Пуџдемон тој живееше во егзил во Белгија.
Неговиот кабинет вели дека Пуџдемон во четвртокот попладне отпатувал за Алгеро од Брисел за да учествува на меѓународна изложба и да се сретне со регионалниот лидер на Сардинија и нејзиниот правобранител. Кога пристигнал на аеродромот, го затекнала италијанската гранична полиција и го привела.
Утре тој ќе се појави пред судиите на Апелациониот суд во Сасари, кои ќе одлучат дали ќе го ослободат или ќе го екстрадираат.
Шпанија побара негова екстрадиција поради неговата улога во обидот да ја добие независноста на Каталонија.
Референдумот доведе до најголемата политичка криза во Шпанија во последните децении, по што каталонскиот парламент еднострано прогласи независност во ноември 2017 година, што ја натера централната влада да наметне директна моќ од Мадрид, а властите почнаа со апсење на водачите.