Поранешниот НБА играч Дру Гордон загина во сообраќајна несреќа

Поранешниот НБА центар, 33-годишниот Дру Гордон загина во четвртокот во сообраќајна несреќа во Портланд, објави ESPN.

Дру Гордон е постар брат на Арон Гордон, кој минатата година со Денвер Нагетс ја освои шампионската титула во НБА.

Дру Гордон одигра девет натпревари за Филаделфија 76ерс во сезоната 2014/15. Тој, исто така, играше во Европа во клубови во Србија, Полска, Италија, Турција, Франција, Литванија, Украина и во три различни тима во Русија. Последен пат играше во Јапонија во сезоната 2022/23, каде ја заврши играчката кариера.