Поранешниот пакистански премиер Имран Кан е застрелан во ногата додека во четвртокот го предводел протестот во централната покраина Пенџаб, соопшти неговите политички соработници.
Кан, кому парламентот претходно годинава му изгласа недоверба за што тој ги обвинува САД поради неговото приближување со Кина, е однесен на болничко лекување и е во стабилна состојба, изјавил неговиот асистент Фавад Чудри.
Кан предводел протест во близина на градот Гуџранвал во рамките на својот план за протестен марш на главниот град Исламбад за да ги притисне владата да распише предвремени парламентарни избори.
„Имаше обид за атентат“, изјавил Чудри за пакистанската телевизија ARY news.
Нема загинати во нападот, но повреден се повеќе партиски активисти кои се возеле со Кан, изјавила Јасмин Рашид, помошничка на Кан.
Додала дека полицајците кои го обезбедувале конвојот на Кан привеле најмалку еден осомничен за нападот.