Поранешниот републикански потпретседател Чејни вели дека ќе гласа за Харис

Поранешниот американски потпретседател, републиканецот Дик Чејни, во петокот изјави дека на претседателските избори во ноември ќе гласа за демократската претседателска кандидатка Камала Харис, а не за републиканецот Доналд Трамп.

Дик Чејни беше потпретседател на републиканскиот претседател Џорџ Буш од 2001 до 2009 година.

Групите за човекови права своевремено жестоко го критикуваа за неговата голема улога во започнувањети и планирањето на војните во Авганистан и Ирак, во кои имаше многу цивилни жртви и кршења на човековите и правата на војување, потсетува Reuters.

Дик Чејни во петокот рече дека „во 248-годишната историја на нашата земја, никогаш немало поединец кој бил поголема закана за нашата република од Доналд Трамп“.

„Како граѓани, секој од нас има должност да ја стави земјата над партизираноста за да го брани нашиот Устав. Затоа ќе го дадам својот глас за потпретседателката Камала Харис“, додаде тој.