Поранешниот шеф на „Renault-Nissan–Mitsubishi“ тврди дека самиот го организирал бегството од Токио

Поранешниот челник на автомобилскиот концерн „Renault – Nissan – Mitsubishi“, Карлос Гон, изјави во четвртокот дека самиот го организирал своето бегство од јапонската престолнина Токио.

„Моето семејство немаше никаква улога во подготовката на моето бегство од Токио“, наведува Гон во писмената изјава од којашто извадоци цитира весникот Daily Star.

Со тоа Гон ја негираше верзијата којашто претходно ја објави францускиот весник Le Mond, како и редица други медиуми, дека браќата на неговата сопруга Керол, наводно му помогнале да излезе до Токио, каде што беше во куќен притвор и да стаса во Турција, од каде што потоа со приватен авион полетал во Бејрут.

„Самиот јас го организрав своето враќање во Либан и сите објави во медиумите за учество на тоа од страна на Крол и другите членови на моето семејство не соодветствуваат на вистината, сето тоа се измислици“, истакнува Гон.

Претходно Керол Гон ја оцени за „апсолутна фикција“ информацијата којашто ја пренесе либанската телевизија MTV, во која се тврди дека Карлос Гон наводно бил изнесен од неговот апартман од Токио во кутија за музички инструменти.

Јапонската службена новинска агенција Kyodo претпоставува дека најмалку две приватни безбедносни компании од САД и од Либан го овозможиле летот со кој Гон побегнал од Јапонија. Весникот Yeni Safak, пак, пишува дека турското министерство за внатрешни работи во рамките на својата независна истрага уапсила седум лица за кои постои сомневање дека му помогнале на Гон да пребега во Либан преку аеродромот во Истанбул.

Претходно во четвртокот вршителот на должноста министер за правда на Либан, Алберт Сархан, за државната нобвинска аганција Al Watani, дек Бејрут добил меѓународен налог за апсење од Интерпол за поранешниот челник на автомобилскиот концерн. Според Kyodo, таквото барање за приведување на Гон до Интерпол го испратила јапонската влада.

Судски извор во Бејрут за весникот Daily Star изјавил дека Гон ќе биде повикан на сослушување во либанското обвинителство. Според него, државниот обвинител Хасан Увејдар по сослушувањето ќе ги објави мерките кои ќе се преземат против Гон во согласност со либанските закони.

Според весникот, либанските власти сѐ уште не донеле одлука за можно учество во сослушувањето на Гон на претставници на јапонските правосудни власти.

Карлос Гон, кој има државјанства на Франција, Бразил и Либан, ја пречекал Новата годфина во кругот на семејството во вила во бејрутскиот христијански кварт Ашрафија. По пристигнувањето во Бејрут, најверојатно кон крајот на минатата седмица, Гон изјави дека „слободно ќе комуницира со медиумите“/

Либанскиот адвокат на бизнисменот Карлос Аби Џауда изјави дека неговиот клиент планира на 8-ми јануари во Бејрут да одржи прес-конференција. Според адвокатот, Гон има намера да презентира материјал кој е поврза со судските постапки во Јапонија, кои може да бидат од интерес на меѓународните организации за заштита на човековите права. Подоцна се појави информацијата дека датумот на средбата на Гон со новинарите сѐ уште не е прецизно утврден.

Карлос Гон беше уапсен на 19-ти ноември 2018 година по налог на обвинителството на Токио. Во април минатата година тој беше ослободен од затворот и со кауција пренесен во куќен притвор. Му беше забрането да ја напушта територијата на Јаппонија пред сослушувањето закажано за април 2020 година. Но седмицава беше објавено дека Гон пребегнал од Јапонија во Либан.