Поранешниот претседател на Социјалдемократската партија на Германија (SPD) и актуелен министер за надворешни работи Зигмар Габриел, побара од својата партија промена на насоките и враќе кон традиционалните социјалдемократски теми, како што е борбата за зачувувањето на работните места, но и свртување кон темите како што е патриотизмот, пренесува во саботата неделникот Der Spiegel.
„Заштитата на природната околина и климатските промени очигледно ни се поважни од темите како заштитата на работните места, заштитата на личните податоци ни е очигледно поважна од прашањето на безбедноста на граѓаните“, вели Зигмар Габриел во авторскиот текст во најновиот број од неделникот Der Spiegel.
Габриел стравува од пропаѓање на социјалдемократијата доколку не се пронајдат одговори на актуелните предизвици, како што се дигитализацијата и глобализацијата. Истовремено, шефот на германската дипломати, смета дека SPD во Германија повеќе да се занимава со темите како што е патриотизмот или заштитата на германската традиција, што се традиционално теми кои ги присвојуваат партиите со десна ориентација.
„Дали чезнењето на граѓаните по нешто што се нарекува ‘примарна германска култура’ во екот на трансформацијата на нашето општество навистина е само конзервативен пропаганден инструмент?“, запрашува Габриел и ги повикува социјалдемократите да се свртат и на овие теми пред „целосно да ги присвојат десните популисти“.
На парламентарните избори на крајот од септември SPD со освоените 20, отсто освоени гласови го оствари најслабиот изборен резултат во својата историја уште од пред Втората светска војна, што ја поттикна дебатата за потребата од реформирање на германската социјалдемократија.