Поранешниот претседател на Република Српска Краина Гран Хаџиќ (58) почина вечерва на институтот во Сремска Каменица.
Нему му се слошило додека бил дома, а потоа бил пренесен во Сремска Каменица. Починал околу 20 часот, а се претпоставува дека станува збор за тромб во белите дробови, пишуваат „Новости“.
Поранешниот претседател на Република Српска Крајина бил со нарушено здравје, а во последните месец дена два пати бил во болница.
Хаџиќ кој имал тумор на мозокот, беше пуштен во април 2015-тата година на привремена слобода поради лекување, а судењето во Хаг во април оваа година беше прекинато на неодреден период. Оттогаш живееше во Нови Сад. Хаџиќ како последен обвинет во бегство, беше уапсен од српските власти во летото 2011-тата година.
За потсетување, обвинителството на Хашкиот Трибунал побара постапката против Хаџиќ да биде завршена поради неговата болест.