Пакистанската Агенција за борба против корупцијата го уапси поранешниот премиер Шакид Кагана Абаси, изјави портпаролот на Националниот комитет за одговорност-НАБ.
Тој не наведе детали за причините за апсењето, туку само покажа копија од налогот за апсење што го подели партијата на Абаси, ПМЛ-Н, во кое се навестува дека е обвинет за корупција, пренесоа британските медиуми.
Истрагата, како што пренесува агенцијата Анадолија, е отворена заради наводна злоупотреба на положбата при увоз на природен гас од Катар, во периодот од 2013 до 2017 година, во текот на која Абаси беше министер за нафта и природни ресурси.
Станува збор за тендер вреден 220 милијарди пакистански рупии ( околу 1,2 милиона евра)
НАБ го повика Абаси денеска во 10 часот по локално време да даде изјава во Исламабад, но тој не се отповика на поканата. На поранешниот премиер од претходно му беше изрезечна мерката забрана за напуштање на земјата.
Абаси, која на премиерската функција беше помалку од една година, по оставката на неговиот претходник Назиф Шариф, во 2017 година, е уапсен додека одел на прес конференција во источниот град Лахоре.
Тој во петок треба да биде изведен пред суд.
НАБ, комитетот што ги истражува коруптивните договори во кои има можност да се инволвирани пакистански политичари, во последната година на сослушување повика многумина политичари, меѓу кои и поранешните премиери и поранешниот претседател на државата.
Абаси е вториот премиер, по Назиф Шариф, кој е уапсен во изминатата година под обвинение за корупуција.
Поранешниот претседател Асаф Али Зардари веќе се наоѓа во притовр, поради сомненија дека учествувал во коруптивни договори за перење пари. сд/