Поранешниот претседател на Бразил мора да оди во затвор

Врховниот суд на Бразил денеска пресуди дека поранешниот бразилски претседател, Луис Иџалио Лула да Силва мора да почне да ја издржува 12 годишната затворска казна за поткуп, и на тој начин го одбил неговото барање да се брани од слобода додека не ги исцрпи сите жалби.

„Ројтерс“ објави дека ова е дополнителен удар за Силва, кој се обидува да ја зачува својата политичка кариера и покрај уште шест обвиненија за корупција.

Се очекува тој  во затвор да се јави до крајот на оваа недела.

Според медиумите, случајот со Силва дополнително ја подели  и фрли сенка врз претседателските избори што треба да се одржат во октомври оваа година.

Анкетите и истражувањата покажуваат дека Силва е фаворит на овие избори, но одлуката на судот  значи дека ќе биде исфрлен од трката за претседател.