Како што информираат од МВР, А.Ј. била пресретната од А.С. кој со употреба на физичка сила насилно ја внел во патничко возило „голф“ и се упатил во село Лешок, а потоа заминале во село Варвара, каде ја извадил од возило, ја внел во тамошната црква и физички ја нападнал удирајќи ја во пределот на главата и телото.
СВР Тетово го расчисти случајот и поднесе кривична пријава против А.С. за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“.