Порано или подоцна ќе ја убијам – Горан уште пред нападот и се заканувал на сопругата, но тоа не е се

Горан Кнежевиќ (43) во средата доцна навечер во Загреб на патот Козари со секира ги нападнал поранешната сопруга (42) и едноиполгодишно дете, а потоа побегнал. Од здобиените повреди детето починало во болница во Загреб.

Откако ги нападнал жената и детето, тргнал кон Косница, каде излегол од автомобилот и продолжил да бега. Тогаш на него налетал камион и го прегази.

Медиуми објавија дека загрепската полиција неколку пати го повикала бившиот партнер на жртвата на разговори во полицијата, но против него официјално не била поднесена кривична пријава, пренесува Крурир.рс.

Според Кривичниот законик, заканите се гонат само по предлог на жртвата. Поради ова, полицијата се правда дека ниту формално не можела да покрене случај против него, иако евидентно е дека знаеле како 42-годишната жена со години била малтретирана од нејзиниот поранешен партнер.

Од разговори со пријателите на нападнатата медиуми пренесуват дека таа одлучила да прекине секаков контакт со Кнежевиќ бидејќи тој не сакал да се промени. Сепак, како што велат неговите пријатели, тој не можел да се помири со тоа.

„Оттогаш постојано и правеше проблеми“, се сеќаваат пријателите на жртвата. „Тој и рекол дека ќе ја убие во еден момент“, откриваат и додаваат дека Кнежевиќ очигледно го искористил овој пат бидејќи братот на неговата поранешна партнерка се преселил на друга адреса.

„Дотогаш сите заедно живееле во куќата, а братот се преселил пред празниците. Кнежевиќ очигледно го искористил тоа што веќе немала кој да ја брани“, убедени се пријателите.

Последен пат 42-годишната жена повикала полиција во средата вечерта, кога Кнежевиќ упаднала во нејзиниот дом на загрепски Житњак. Таа пријавила дека ја малтретирал со објаснување дека најверојатно бил пијан.

Полицијата потоа добила уште два повици од анонимни лица. Еден бил информиран за тепачка меѓу луѓе на улица, а друг веќе пријавил дека со секира се повредени две лица, 42-годишна жена и нејзината ќерка.

Полицајците кои први пристигнале на местото на пријавата затекнале страшна сцена – тешко повредени мајка и дете, додека насилниот 43-годишник во меѓувреме успеал да побегне. И покрај напорите на лекарите, детето починало во болница, додека мајката се уште е во критична состојба.

Според соседите во населбата, убиеното дете не било на Горан, и посочуваат дека жртвата има три деца со три различни партнери. Секирата го фатила нејзиното најмало дете, чиј татко И.С. моментално работи во Германија и бил информиран за смртта на детето. Како што велат во населбата, Горан отсекогаш бил проблематичен и често бил „во затвори“, пренесува Јутарњи лист.

– Наводно бил затворен за кражби и насилство, а се занимавал со препродавање автомобили во Белгија и Австрија. Пред овој настан, велат, „банкарувал“ две ноќи во локално кафуле, наводно конзумирал и наркотична дрога и во таква состојба ја започнал крвавата гозба – раскажуваат соседите.