Пораншената амбасадорка во Киев тврди дека Трамп вршел притисок да биде повлечена

Photo via AP)

Поранешната амеериканска амбасадорка во Украина, Мари Јованович, изјави во петокот на сослушувањет во Конгресот, во рамките на истрагата за моќно отповикување на претседателот Доналд ТРрамп, дека тој наводно вршел притисок на Стејт департментотн за таа да биде повлечена од должноста, пренесуваат американските медиуми.

Поранешната амбасадорка Јованович рекла пред претениците дека Трамп една година вршел притисок врз Стејт департментот за да биде отповикана од должноста во Киев, што се случило во мај годинава, како и дека тогаш ѝ било кажано дека претседателот ја загубил довербата во неа. Тврдела дека е повлечена поради „неосновани и лажни тврдења на лица со очигледни проблематични мотиви“, пренесува весникот The Washington Post, кој имал увид во нејзиниот однапред подготвен исказ.

Јованович сведочеше зад затворени врати во Конргесот во рамките на истрагата поради можното отповикување на претседателот Трамп, кој ова го оценува како нов „лов на вештерки“.

Претставничкиот дом на Конгресот, во кој демократите имаат мнозинство, покрена барање за отповикување на Трамп поради неговиот телефоснки разговор од јули годинава со украинскиот претседател Владимир Зеленски, во кој барал да истраж дали Џо Бајден, како тогашен потпретседател во мандатот на демократот Барак Обама, влијаел врз властите во Киев да ја сопрат истрагата за корупција во најголемата приватна украинска енергетска компанија, во чијшто врв бил неговиот син Хантер Бајден. Џо Бајден се смета за најверојатен противкандидат на Трамп на претседателските избори во ноември 2020 година.

Според транскриптот во разговорот меѓу Трамп и Зеленски, американскиот претседател рекол дека Јованович е „личноста која треба да се избегнува“, пред да биде повлечена од должноста поради наводите дека ја поткопува политиката на Трамп во Украина.

Личниот адвокат на Трамп, поранешниот њујоршки градоначалник Рудолф Џулијани, ја обвини Јобанович дека ги блокира напорите чијашто цел била да се увери Украина да го истражи Бајден. Џулијани рекол дека тие информации за Јованович ги пренел и на Трамп и на Стејт департментот, пренесува Reuters. „Јас тоа го сторив како адвокат“ на Трамп, рекол Џулијани во петокот.

Јованович во својот исказ рекал дека не ѝ се познати мотивите за нападот на Џулијани против неа, но дека неговите соработници „можеби сметале дека нашата антикорупциска политика во Украина ги попречува нивните лични финансиски амбиции“.