Премиерот Зоран Заев, со денешната изјава ја компромитира истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој загинаа 14 лица, тврди Владимир Туфегџиќ, долгогодишен судија и од неодамна адвокат откако се повлече од позицијата судија во одделението за организиран криминал на Основниот кривичен суд во Скопје
„Недозволиво е во правна држава заради политички цели и интереси, како прв политичар меѓу еднаквите, да искористиш ЕДЕН парцијален материјален доказ прибавен со обвинителска истрага, кој има целосна доказна сила кога ќе биде ценет поединечно и во една целина во корелација со други прибавени докази во истрагата.
На овој начин политиката директно влијае на понатамошниот тек на независната и непристрасна истражна постапка за трагедијата во модуларната болница и потполно ја компромитира понатамошната истрага, сведувајќи ја причината за трагедијата на 14 луѓе на петпарачки продолжен кабел.
Продолжниот кабел е само дел во мозаикот на истражните дејствија и докази, кои ценети во една доказна целина допрва треба да го дадат одговорот по однос на одговорноста“, пишува Туфегџиќ во средата на својот фејсбук профил