Порасна бројот на заболени од ковид-19 во Бугарија

Бургарското министерство за здравство бележи зголемување на бројот на заболени од ковид-19. Во изминативе 24 часа евидентирани се 3 449 заболени од ковид-19 што е за 2 214 повеќе од претхониот ден. Овие резултати се добиени од направени 36.449 тестови, што значи дека 9,4 е позитивниот процент.

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Бугарија во изминатите 24 часа е 162, од кои 150 се невакцинирани или со нецелосен циклус на вакцинација. Новозаболените кои се хоспитализирани 761 од кои 650 се невакцинирани.