Цените на нафтата денеска забележаа скок, закрепнувајќи од вчерашниот пад предизвикан од лошите податоци за преработувачката активност во САД и Кина.
Еден барел „лесна“ нафта за терминска испорака во март на Трговската берза во Њујорк поскапе за 16 центи на 96,59 долари по барел, додека истата количина на северноморска нафта од типот „брент“ на пазарот во Лондон чинела 106,04 долари, односно за три центи повеќе.
Американскиот институт за управување со резерви (ИСМ) укажал на острото забавување на економската активност во САД во јануари, додека кинеските власти пред неколку дена соопштиле дека преработувачката активност во таа земја во јануари се намали на петмесечниот минимум.
Според оценките на аналитичарите, инвеститорите исто така ќе се фокусираат на претстојните податоци за вработување во САД за јануари, кои што би требало да бидат објавени на крајот на оваа недела.
Американското министерство за труд соопшти дека минатиот месец во таа земја во декември се отворени само 74.000 работни места, што е значително под очекувањата на аналитичарите од 197.000 работни места.