Цените на нафтата денеска забележаат пораст, благодарение на зголемената побарувачка, но тргувањето било со намален интензитет пред обраќањето на новата претседателка на американските Федерални резерви.
Еден барел американска „лесна“ нафта за терминска испорака во март на Трговската берза во Њујорк поскапе за пет центи на 100,11 долари за барел, додека истата количина северноморска нафта од типот „брент“ на пазарот во Лондон чинела 108,70 долари, односно седум ценит повеќе од претходното тргување.
Аналитичарите наведуваат дека инвеститорите се во очекување на говорот на претседателката на ФЕД во Конгресот, на тема економија и правец на движење на монетарната политика.
„Никој не очекува изненадување во нејзиното обраќање. Малку е веројатно дека новата претседателка на ФЕД, Џенет Јелен во Конгресот ќе отстапи од досегашните ставови на Федералниот комитет за отворање на пазарите“, наведуваат аналитичарите.