Пораз на младата репрезентација од Русија

Репрезентацијата на Македонија до 21 година беше поразена со 3:4 на домашен терен, откако несреќно прими гол во судиското надополнување. На тој начин репрезентацијата не успеа да ја прекине серијата од три порази во квалификациите за ЕП.

Во натпреварот одигран во тешки услови поради постојаните врнежи на снег, младите надежи најдоа сили да се вратат од 0:2 на 2:2, подоцна и од 2:3 на 3:3, но и тоа не беше доволно за најмалку нерешен исход против Русите.

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година наредниот меч од квалификациите за ЕП 2019 во Италија, го игра во вторни кна гостински терен кај Австрија.