
Ноќта кон вторникот во неколкуте натпревари одиграни во најсилната кошаркарска лига на светот, се истакна кошаркарот на Торонто Репторс, Демар Дерозан кој постигна 52 поена.
Орландо Меџик со резултат 95:98 беа поразени на гостувањето кај Бруклин Нетс. Лос Анцелес Лејкерс, пак, беа поразени во Минеаполис со 114:106.
Во другите два натпревара кои беа одиграни на првиот ден од 2018 година, победниците беа добиени по продолжувањата.
Демар Дерозан со 52 кошови беше најзаслужниот за победата на Торонто над Милвоки од 131:127. Со поставувањето на личниот рекорд според постигнатите поени на еден меч, Дерозен стана и рекордер на Репторс според постигнатите кошови во дуел од регуларниот дел на сезоната.
Единствената гостинска победа изминатата ноќ ја остварија Портланд Трејлблејзерс кои со 124:120 славеа над Чикаго Булс. Си Џеј Мекколам со 32 поени и 8 асистенции беше најдобар кај Портланд.