„Анкетите покажуваат дека паѓа довербата во Заев и неговата Влада.Веќе е јасно дека идната Влада на Република Македонија ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ. Поради оваа причина Заев се плаши од предвремени парламентарни избори, оцени во соопштение ВМРО ДПМНЕ.
-Граѓаните на Република Македонија нема да ги заборават криминалите на оваа власт, нема да го заборават рекетот, политичкиот прогон и уназадувањето на државата на секое поле. Истрагата за Рекет претставува класичен пример како не треба да функционира една држава. Граѓаните, кога и да се случат изборите, ќе го казнат Заев и СДСМ.
Европската иднина на Република Македонија е загрозена поради криминалната влада на Заев.Со премиер како Зоран Заев напредок во нашата земја нема да има, освен стагнација. Време е да се стави крај на криминалното владеење на СДСМ и Заев. Време е да започне обнова на Република Македонија“, стои во партиското соопштение.