Породиле трудница со царски рез без анестезија

Жена која се породувала во Сан Диего, Калифорнија ја тужи болницата оти ја породиле со царски рез, но без анестезија, јавуваат тамошните медиуми.

Кога лекарот го зел скалперот и почнал да го сече стомакот на трудницата Делфина Мота почнала да вика:

Како што раскажала за НБЦ, таа веднаш потоа се онесвестила од болка.

Според надлежните од болницата, акушерот се одлучил за операција поради компликација при породувањето. На мајката ненадејно и паднал притисокот и повеќе не можел да го слушне срцето на бебето.
Како што стои во тужбата, пак, која е поднесена поради лекарска грешка и немарност против болницата Три Цити во Оушнсајд, анестезиологот не се одзвал на повиците. Поради тоа жената ја врзале за операциската маса и продолжиле со операцијата.

Кали Ихинакао, татко на девојчето кое за среќа е родено живо и здраво, за време на операцијата стоел пред вратата на операционата сала, го слушнал крикот за помош, а потоа настанала тишина. Исплашен, се обидел да влезе внатре, но го спречило обезбедувањето.

Норман Финкелштајн, адвокат на семејството, е шокиран поради несоодветната реакција од болницата.

Кога очекувате најдобра грижа, или ако се случи нешто неочекувано, тогаш избирате голема болница, а таа болница потфрлила, вели адвокатот.