Невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град има вечерва во централниот дел на Пелагонија.
Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), пред еден час нестабилно со пороен дожд и грмежи беше во подрачјето на Охрид, Свети Николе и Струмица. Процесите немаат одреден правец на движење. Северно од Скопје почнува да се формира нестабилна облачност.
– Од север кон Прилеп се спушта нестабилна облачна маса со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можна појава на град. Нестабилно е и во околината на Скопје, во западните и југоисточните делови од котлината, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Се уште е нестабилно на Галичица и Преспанскиот регион каде има интензивен пороен дожд, соопшти ЦУК.
Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) посочуваат дека денеска беше многу топло и со портокалово ниво за опасност од високи температури. Најавуваат дека во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) посочуваат дека денеска беше многу топло и со портокалово ниво за опасност од високи температури. Најавуваат дека во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.