Украинскиот тајкун Петро Порошенко најверојатно ќе победи на изборите за претседател на државата на 25 мај и тоа во првиот круг, покажаа резултатите на една анкета објавени вчера, пренесува Ројтерс.
Според оваа анкета, Порошенко кој го поддржуваше проевропскиот бунт со кој во февруари беше соборен Виктор Јанукович, на изборите би можел да добие 54,7 отсто од гласовите.
Според анкетата на киевскиот Меѓународен институт за социологија, Порошенко е убедливо пред својот противкандидат, поранешната премиерка Јулија Тимошенко која добила поддршка од 9,6 отсто од испитаниците и се наоѓа на второт место во анкетата.
Порошенко ги поддржа демонстрациите во Киев, кои доведоа до соборување на Украинскиот претседател Виктор Јанукович, кого го поддржува Кремљ.
Приоритетот на Порошенко, како што рече претходно, стабилизација на ситуацијата во Украина, во која се повеќе расте стравот од војна, а би ја оставил можноста за одржување на референдум за подоцна.
„После претседателските избори на 25 мај, после повторното воспоставување на редот и законот, спремни сме да разговараме за секој референдум, вклучувајќии уставни промени за кои сум … спремен да разговарам со било кого“, рекол Порошенко.