
Претседателот на Украина Петро Порошенко наредил војската да сопре со воената акција во пречник од околу 40 километри од местото кадешто минатата недела падна малезискиот авион.
Порошенко ги известил новинарите за тоа на конференција во Киев.
„Дадов наредба: веднаш, во радус од 40 километри околу местото на несречата украинските трупи не смеат да изведуваат оперсии и не смеат да отвораат оган“, реко Порошенко, пренела Интерфакс.
Малезискиот авион, како што се претпоставува, соборен во областа околу Доњецк на околу 60 километри од руската граница. При падот на авионот настрадаат 298 патници и членови на екипажот.
Кај железничката станица во Доњецк, во источна Украина, кој се наѓа под контрила на проруските сии, денес се водат жесто судири, а очевидци кажуваат дека видели облаци чад и чуле силни експлозии од околината на станицата која се наоѓа во центарот на градот.
Еден лидер на проруските сили изјавил дека украинските сии се обидуваат да влезат во Доњецк, а очевидец на Ројтерс раскажал дека видел два тенка на проруските сили како одат кон железничката станица и луѓе кои бегаат во спротвен правец.
Украинскиот претседател во една изјава претходно ветил дека ќе го врати Доњецк со операцијата која Киев ја нарекува „антитерористичка“.