Украинскиот „крал на чоколадото“, мултимилионерот Петро Порошенко е победник на изборите, покажуваат првите пребројани резултати и анкетите од избирачките места.
По сознанието дека е победник, Порошенко ветил дека ќе „ја запре војната, хаосот и криминалот“ и дека ќе „донесе мир во украинската земја“.
Пребројаните гласови се од околу 30 отсто од избирачките места покажуваат дека Порошенко е убедливо во водство пред поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко и останатите 19 кандидати. Тој ја добил довербата од 54 отсто од гласачите, а таа околу 13 отсто, додека сите останати кандидати заедно собрале вкупно 33 отсто од гласовите.
Резултатите се во склад со податоците кои се добиени во излезните анкети. Порошенко победил со скоро 56 отсто од гласовите, додека Тимошенко е далеку назад со освоени 13 отсто од гласовите на второто место.
Ако ја одржи ваквата разлика, Порошенко ќе го избегне натпреварувањето со Јулија Тимошенко во вториот круг и ќе биде победник во првиот круг.
Порошенко ги поддржува силните врски со Европската Унија, а исто така сака и добри односи со Русија.
Гласањето се одвиваше во сенка на случувањата во источните деови на Украина, кадешто проруските сепаратисти ги завземаа владините згради и прогласија независност во два региона. Тие се судрија со украинската војска. Бунтовниците рекле дека ќе го спречат гласањето на истокот и тамо биле отворени помалку од 20 отсто од избирачките места, бидејќи наоружаните сепаратисти ги разбивале гласачките кутии, ги затворале избирачките места и им се заканувале на оние кои сакале да гласаат.
Меѓутоа, ширум Украина на избирачкие места излегле 60 отсто од гласачкото тело кое брои вкупно 35,5 милиони луѓе, соопштила централната изборна комисија.
Пред избирачките места во Киев се формирале долги колони на луѓе.
Порошенко според сознанијата за првите резултати, рекол дека како претседател најпрво ќе отиде во источниот индустриски регион Донбас, во кој се наоѓаат рудниците за јаглен.
Исто така ветил дијалог со жителите на истчна Украина, како и емнстија за оние кои не изврпиле никакви злочини.