Претседателот на Украина, Петро Порошенко вети дека ќе дозволи слободна употреба на рускиот јазик во локалните заедници во украинскиот регион Донбас.
– Децентрализацијата на власта предвидува проширување на правата на регионите. Локалните заедници во Донбас ќе имаат целосно право на слободна употреба на рускиот јазик заедно со државниот јазик, изјави Порошенко во обраќање до граѓаните на Украина.
Претседателот најави дека планира наскоро да поднесе закон за амнестија во украинскиот парламент.