Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кон крајот на минатата година објави дека преку судски пат го добил спорот со порталот „Бриф“, за кој како што кажа, изнел лаги и невистини за него.
Пресудата ја објавуваме во целост:
Доброволно постапувајќи по пресуда XXXVII П5-17/23, тужениот Друштво за дигитални медиуми БАБИНСКИ ДООЕЛ Скопје објавува:
П Р Е С У Д А
ТУЖБЕНОТО БАРАЊЕ на тужителот Христијан Мицкоски од Скопје, СЕ УСВОЈУВА.
СЕ УТВРДУВА граѓанска одговорност за сторена клевета према тужителот од страна на тужениот Друштво за дигитални медиуми БАБИНСКИ ДООЕЛ Скопје, за објавување вест со наслов „Мицковски купил и реновирал куќа во Козле вредна еден милион евра“ кој на ден 26.02.2023 година во јавно објавена вест на официјалната веб страна „brif.mk“ изнел невистинити факти за тужителот, со што ја повредиле честа и угледот со следново: „Мицковски купил и реновирал куќа во Козле вредна еден милион евра“
СЕ ЗАДОЛЖУВА тужениот да ја објави изреката на пресудата во еден дневен весник на трошок на тужениот на простор не помал од осмина од страницата од правата до петтата страна од печатеното средство за јавно информирање, како и да ја објави изреката на пресудата на официјалната веб страна на издавачот во истиот формат и големина како и објавената вест која содржи клеветнички изјави за тужителот, во рок од 15 дена од приемот на одлуката, а под страв на присилно извршување.
Р.
I
СЕ КОНСТАТИРА повлекување на тужбеното барање на тужителот со кое бара да се задолжи тужениот да му плати на тужителот на име паричен надомест за нематеријална штета поради сторена клевета износ од 60.000,00 денари, со законска казнена камата сметано од денот на изнесувањето на сторената клевета 26.02.2023 година во висина на референтната стапка на НБ на РСМ што за секое полугодие важела на последниот ден на полугодието што му претходело на тековното полугодие, зголемена за 8% поени до денот на конечната исплата.
II
СЕ ЗАДОЛЖУВА тужениот да му плати на тужителот на име трошоци во постапката паричен износ од 16.699,00 денари во рок од 15 дена од приемот на пресудата, а под страв на присилно извршување.