Порталот Доказ открива: Директорот на затворот во Шутка и негови партиски другарчиња барале и добивале бесплатни услуги и апартмани во „Аџибадем Систина”?!

Порталот Доказ обвинува дека врз притвореникотЈордан Камчев се врши тортура во затворот во Шутка. Камчев е сместен во најлошата ќелија, која попладне се држи во темница, а цела ноќ се држи под вклучена светилка. Не му се дава ни доволно вода.

Доказ поставува непријатни прашања до директорот на затворот, Филип Андов.

Дали кога Камчев бил на слобода, тој праќал пораки до негови најблиски луѓе, во кои го информира дека станал директор на затворот, „ако притреба“?

Дали како директор на затворот, тој користел бесплатни услуги и повеќедневен третман во „Аџибадем Систина“ за најблизок член на неговото семејство?

Дали „блиски партиски другарчиња“ на директорот, кои се на високи владини, директорски и пратенички позиции, користеле бесплатни услуги и апартмани во оваа приватна болница?

Дали директорот за ова ги известил премиерот и партиската портпаролка, која не пропушта Камчев да го нарече „криминалец“, иако сѐ уште не е осуден?

Порталот Доказ го предупредува директорот на затворот да не излегува со демант, зашто за секој демант ќе уследи објава на неплатена фактура и порака во која се бараат бесплатни услуги од „Аџибадем Систина“.

„Тоа ќе биде само почеток“, пишува Доказ.

ОБНОВЕНО

Директорот Андов го демантираше написот на порталот Доказ. Демантот можете да го прочитате на следниот ЛИНК.