![миц](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/mic.jpg?resize=696%2C387&ssl=1)
Порталот на албански јазик Индекс.мк, по денешната реакција на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, дека ќе тужи одредени медиуми за објава за наводна сопственост на куќа, ретерира дека не напишале оти куќата е негова и дека само пренеле вест објавена од друг медиум.
Во реакцијата на Индекс.мк до медиумите, тие појаснуваат во врска со случајот „Мицкоски“.
„По јавната реакција и „заканата“ од г. Христијан Мицкоски дека ќе го тужи порталот indeks.mk по „хроника“ за куќите и вистината за милионите, сметаме дека е потребен начин да се реагира и да се разјасни вистината во јавноста.
Нашата редакција, indeks.mk, во ниту еден момент во текот на хрониката не констатираше ништо освен што ги пренесе информациите кои нашиот колега новинар, г. Александар Митовски од infomax.mk и други македонски колеги кои пишуваа во медиумите, како и тоа што го пишува во документот обезбеден онлајн од Агенцијата за катастар.
Нашата репортажа доаѓа речиси една недела по изјавата на колегата Митовски, која не беше демантирана ниту од вас, г. Мицкоски, ниту од страната на ВМРО ДПМНЕ.
На следниот линк можете да ја проследите и изјавата на господинот Митовски, изјава со која ја започнавме нашата хроника, за која не апострофирате како медиум, се вели во нивната реакција.