
Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека податоците од мониторинг станиците за квалитет на амбиенталниот воздух во Кавадарци, Битола 2, Гостивар и Ректорат во наредните петнаесетина дена нема да бидат достапни на порталот за квалитет на воздухот, http://air.moepp.gov.mk/.
На овие мерни места ќе се врши сервисирање на дополнителната опрема неопходна за функционирање на мерните инструменти.