Кошаркарот на Денвер Мајкл Портер јуниор потпиша нов договор со тимот од Колорадо.
Портер јуниор потпиша петгодишен договор со кој ќе заработи 207 милиони долари.
Минатата сезона, откако се повреди втората ѕвезда на екипата, Џамал Мареј, центарот Никола Јокиќ остана без вистинска поддршка во плеј-офот и битката за титулата.
Портер јуниор се наметна како втора опција во тимот на Денвер и сезоната ја заврши со просек од 19 поени, 7.3 скокови по натпревар и одличен шут од игра од 54 проценти.
Мајкл Портер јуниор во НБА лигата влезе во 2018 година кога беше избран како 14 пик на драфтот од Денвер.